НБА во средата соопшти дека денешните натпревари во плејофот се одложени на неодредено време, откако Милвоки Бакс го бојкотира петиот натпревар од нивната серија против Орландо Меџик, поради полициското пукање во кое беше убиен Афроамериканецот Џејкоб Блејк во Кеноша, Висконсин.

НБА и НБПА (Националната асоцијација на кошаркари) денеска објави дека одлуката на Милвоки Бакс да не излезе на теренот против Орландо Меџик одложувајќи го натпреварот,  денешните три натпревари: Милвоки Бакс – Орландо Меџик, Хјустон рокетс – Оклахома Сити Тандер и Лос Анџелес Лејкерс – Портланд Трејл Блејзерс се одлагаат. Дополнително ќе ве известиме кога ќе продолжат, соопштија од НБА.

Претходно, играчите на Бакс одбиваа да излезат на теренот додека играчите на Орландо ги чекаа. Во неделата, Џејкоб Блејк беше застрелан од полицијата седум пати во обид да го уапсат  поради домашен спор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.