Спенсер Динвиди мина неколку турбулентни сезони во НБА лигата во кои го привлекуваше вниманието на јавноста од различни причини.

Предминатата сезона 28-годишниот кошаркар на Бруклин нетс беше една од најсјаните ѕвезди во подем со просек од 20,6 поени и 6,8 асистенции по натпревар, за лани сезоната да му биде одбележана со тешката повреда на вкрстените лигаменти на коленото по само три одиграни натпревари.

Летово, пак, Динвиди премина од Бруклин во екипата на Вашингтон визардс за која потпиша тригодишен договор вреден 54 милиони долари, при што во него има една многу необична клаузула за бонус.

Договорот на Динвиди предвидува дека доколку тимот се пласира во НБА финалето, тој ќе добие бонус од еден долар. Ваквата клаузула предизвика многу забавни реакции на социјалните мрежи затоа што станува збор за смешна сума за кој било НБА кошаркар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.