Бараж пресметките за место во регионалната кошаркарска АБА-лига меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Задар ќе стартуваат на 17 април. За МЗТ Скопје Аеродром ова е втора шанса да се врати во елитата во регионот, откако не успеа во дуелите со Приморска во финалето на плејофот од АБА 2-лигата.

Задар ќе ја има предноста на домашен терен во евентуалната мајсторка.

Серијата се игра во два добиени натпревари.

Првиот е на 17 април на теренот на хрватскиот тим, МЗТ ќе биде домаќин на 23 април, а ако биде потребно да се игра трет натпревар, Задар повторно ќе биде домаќин на 30 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.