Раководството на МЗТ Скопје Аеродром ја прекинува соработката со тренерот Ѓорѓи Кочов.
Двете страни се согласија дека се потребни промени во тимот, со цел да биде остварена целта, а тоа е атак на двете домашни пехари, како и борба за највисок пласман во АБА2-лигата. Кочов на клупата на нашиот тим седна во април 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, откако неколку месеци претходно, во декември 2017 година, беше ангажиран како негов помошник. Тој ја освои шампионската титула во 2019 година, а беше морален шампион со МЗТ Скопје Аеродром и во 2020 година, кога беше прекинато првенството. Нашиот клуб е горд што придонесе на македонската кошаркарска мапа да се појави млад и талентиран стручњак, кој во последниот циклус беше и дел од стручниот штаб на репрезентацијата. На Кочов му посакуваме се најдобро во кариерата, со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата – се вели во клупското соопштение.
„Штрковите“ под водство на Кочов прикажуваа променливи игри и во регионалната АБА 2 лига, па и претходно се шпекулираше со можна тренерска смена.
Тимот во иднина ќе работи под раководство на досегашниот помошник-тренер, Дарко Радуловиќ, кој ќе ја има улогата на привремен прв тренер се до пронаоѓањето на ново име за оваа функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.