МЗТ Скопје претрпе пораз на синоќешното гостување од Борац Чачак, но уште поголем проблем за тренерот Кочов од загубените бодови претставува повредата на Лестер Медфорд. Првиот плејмејкер на „сино-белите“, кој воедно е и најдобар асистент во АБА2 лигата сезонава, заработи незгодна повреда при еден дуел во последната четвртина, поради што не беше во можност да помогне во самата завршница од натпреварот во Чачак.

Денешните лекарски прегледи донеле лоша вест за „металците“, станува збор за фрактура во пределот на дланката на десната рака, поради што лекарите препорачале мирување во наредните 30 дена. Тренерот Кочов нема да може да смета на услугите на Медфорд во месец јануари, кога МЗТ Скопје го очекуваат низа тешки натпревари во АБА2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.