Поранешниот двократен МВП на НБА лигата и прва ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо е најзаслужниот за победата на неговиот тим на домашен терен против Феникс санс со 120:100.

Кошаркарот Јанис целосно доминираше на паркеттот и натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект (41 поен и 13 скока).

Покрај Антетокумпо, одлични беа и Џру Холидеј кој постигна 21 поен (5-10 за три поени) и Крис Мидлтон кој натпреварот го заврши со 18 поени.

Кај Феникс очајно лоша партија пружи Девин Букер, кој постигна само 10 поени со шут од игра 3-14. Во негово „отсуство“, најефикасен кај Феникс беше Крис Пол со 19 поени, додека, Деандре Ејтон и Џеј Краудер постигнаа по 18.

Во финалната серија, Феникс води со 2:1 во победи, а четвртиот натпревар се игра во Милвоки на 15 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.