Само еден ден откако го пропушти натпреварот против Чикаго поради повреда на квадрицепсот, Лука Дончиќ одигра неверојатен натпревар. Ѕвездата на далас маверикс го забележа првиот трипл-дабл во сезоната со што го предводеше својот тим до победа против Хјустон рокетс со 113:110.
Дончиќ ја заврши средбата во „Тојота арената“ во Хјустон со 33 поени, 16 скокови и 11 асистенции, што е трет негов трипл-дабл со бројки 30-15-10, отако е во НБА, што е највисока бројка во тој период.
Натпреварот беше прилично изедначен до средината на четвртата четвртина кога Далас направија серија од 14:3, со што ја презедоа контролата над резултатот. Тим Хардавеј јуниор постигна седум поени во таа серија, од вкупно 30 со колку што го заврши натпреварот. Џош Ричардсон и Вили Коули-Стајн постигнаа по 15 поени за третата победа на далас во сезоната.
Кристијан Вуд беше најефикасен кај Хјустон со 23 поени и седум скокови, а Џејмс Харден мечот го заврши со 21 поен и 10 асистенции, но погоди само пет од 17 шутеви.
Резултати во останатите натпревари
Орландо – Кливленд 103:83
Филаделфија – Шарлот 118:101
Атланта – Њујорк 108:113
Мајами – Оклахома сити 118:90
Торонто – Бостон 114:126
Милвоки – Детроит 125:115
Њу Ореланс – Индијана 116:118 (прод.)
Голден Стејт – Сакраменто 137:106
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.