Српската кошаркарка Јелена Тодоровиќ има неверојатна животна приказна. Заедно со своето семејство во 1999 година се сели во Австралија поради НАТО бомбардирањето. Там почнува да тренира кошарка но љубовта кон татковината е посилна и таа се враќа во Србија и потпишува за Црвена Ѕвезда.

По неколку години станува и мис, па сега Јелена има две дилеми. Дали да продолжи со кошарката и за која репрезентација. По се изгледа ќе ја одбере родната земја и нема да погреши.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.