Милвоки бакс славеше победа на гостувањето кај Атланта хоукс со 113:102 со што си ја врати предноста на домашниот терен во финалето од Источната конференција каде што сега има предност од 2:1 во победи.

Клучен шграч за „елените“ беше Крис Мидлтон, кој постигна 20 поени во полседната четвртина. Во овој период, гостинските кошаркари влегоа со заостанување од два поена, но таа разлика лесно ја надминаа и четвртината ја добија со резултат од 30:17.

Мидлтон постигна вкупно 38 поени, а одлична партија пружи и Јанис Антетокумпо кој натпреварот го заврши со 33 поени и 11 скокови.

Кај Атланта најефикасен беше Тре Јанг и покрај необичната повреда на зглобот. Во текот на третата четвртина, Јанг случајно го нагази судијата крај аут линијата по што незгодно го извитка зглобот. Јанг го напушти натпреварот, но сепак, се врати во четвртата четвртина. И покрај повредата, тој го заврши натпреварот со 35 поени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.