Малдиот македонски кошаркат Дарко Димковски, кој има неверојатна сезона во дресот на германскиот регионален лигаш ТС Швертер од Дортмунд напиша емотивна порака по смртта на неговиот идол, легендарниот Коби Брајант.
Екс-кошаркарот на АВ Охрид од мал го сонува успехот во кој ужива денес. Поради Коби, вели тој, е благословен да ја игра оваа игра.
„Беше лето во 2002. За првпат го видов Коби како игра. Потезите му беа нереални и инспиративни. Јас бев 11-годишно момче кое во моментот се вљуби во кошарката и знаев кој е одговорен за тоа.
Подоцна, кога почнав да играм, научив повеќе за оваа неверојатна работна етика и посветеност. Поради тоа ми беше уште поголем идол. Пораснав во Европа во различна временска зона и имав многу непреспиени ноќи, останував буден до доцна само за да го гледам како игра.
Илјадници пати ги гледав снимките од неговите најдобри моменти неверојатно е како сѐ уште ме мотивира. Секој пат. Ми се насолзија очите кога му го гледав последното натпревар на кој постигна неверојатни 60 поени.
Не те познавав, Коби, ама ти имаше огромно влијание во мојот живот. Го натера тоа 11-годишно момче да си го брка сонот и благословен сум што и денес ја играм оваа игра.
Секогаш ќе те паметам како најдобриот“- напиша Дарко на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.