Македонските судии Зоран и Игор Митровски ќе останат запишани во историјата на европските кошаркарски натпреварувања како први браќа, кои ја делеле правдата на еден официјален натпревар на ФИБА.

Овој историски момент се случи синоќа, во Софија во финалната средба од квалификацискиот турнир од групата „Б“, за пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот меѓу Ираклис-Трефл-Сопот.

Во неизвесен натпревар, Ираклис триумфираше со минимални 74-72 и обезбеди пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.