Македонската претставничка во џудо на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, Арбреша Реџепи, загуби уште на стартот на турнирот во категоријата до 52 килограми и тоа од Жил Челзи од Велика Британија.

Македонката беше поразена со ипон, што со боксерски речник значи предвремен прекин на борбата (технички нокаут). Британката се покажа како поквалитетен ривал, што го покажа и во понатамошните борби по кои влезе во игра за медал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.