Младата репрезентација на Македонија до 18 години загуби во денешното полуфинале против Израел (66-78) на Европското првенство Б-дивизија во Романија.
Избраниците на Тони Симиќ го запишаа првиот пораз на турнирот и утре ќе разигруваат со Чешка за третата позиција. Евентуална победа за нашиот национален тим носи место во А-дивизијата.
Израмнето и рамноправно се играше само во првите десет минути. Потоа Израелците направија висока разлика и побегнаа на 38-56. Вториот квартал беше ужасен за нашите кошаркари кои реализираа само шест поени. Тоа ги чинеше висока негатива и пораз на денешната полуфинална средба.
Павел Данаиловски со 16 и Дарио Митевски со 13 поени беа најефикасни во македонската селекција.
Израелската репрезентација во финалето ќе игра со Полска, а македонските репрезентативци ќе ги предизвикаат врсниците од Чешка во мечот за трето место.
Извор: Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.