Еден од најдобрите кошаркари, Лука Дончиќ, ја однесе својата Словенија на Олимписките игри во Токио.

Кошаркарот на Далас уште еднаш покажа нереална класа и го прегази домаќинот Литванија на квалификацискиот турнир во Каунас. Словенците славеа со 96:85 и за прв пат остварија место на Олимписките игри. Секако, најзаслужен за овој успех беше Дончиќ.

За нешто повеќе од 33 минути на паркетот, Лука оствари трипл-дабл ефект. Постигна 31 поен, додаде 13 асистенции и 11 скока, а Литванците не можеа да го запрат.

Секако, Дончиќ беше многу уморен. По напорната сезона во НБА, тој се приклучи на националниот тим и ги однесе на Олимписките игри.

Симпатична сцена се случи на самиот крај на мечот во Каунас. На крајот од мечот, Дончиќ се најде на подот каде лежеше уморен, а соиграчите го „оживеаја“ и Лука стана брзо на нозе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.