Лука Дончиќ постигна тројка на една стотинка до крајот со што на својот Далас му донесе победа против Бостон со резултат 110:107.

За словенечкиот кошаркар тоа беше втора тројка во последните 15 секунди, а со првата го доведе Далас до предност од два поени, по што Бостон успеа да го израмни резултатот пред последниот напад.

Дончиќ го заврши натпреварот со 31 поен, 10 скокови и осум асистенции, а поддршка имаше од резервистот Џејлен Брансон, кој постигна 22 поени.

Кај Бостон тројца постигнаа над 20 поени, Џејлен Браун (29), Џејсон Тејтум (28) и Кемба Вокер (21), но никој од останатите кошаркари не надмина двоцифрен учинок.

Резултати од останатите натпревари:

Кливленд – Атланта  112:111

Орландо – Детроит  93:105

Бруклин – Сакраменто  127:118

Њујорк – Голден Стејт  106:114

Торонто – Филаделфија  102:109

Милвоки – Минесота  139:112

Денвер – Портланд  111:106

ЛА Клиперс – Вашингтон  135:116



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.