Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе го продолжи договорот со Далас маверикс за нови пет сезони, за што ќе добие 207 милиони долари. Тоа е највисокото продолжување во историјата на НБА лигата за некој кошаркар што го го завршува дебитантскиот договор.
Дончиќ доби право да потпише таков договор, затоа што во првите три сезони во лигата, двапати беше избран за член на првата најдобра петрока во најсилната кошаркарска лига.
Договорот стапува на сила од почетокот на идната сезона.
Минатата сезона, Дончиќ настапи на 66 натпревари и оствари просек од 27,7 поени, 8 скока и 8,6 асистенции по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.