Двократниот МВП на финалето во НБА, Каваи Ленард официјално премина во Лос Анџелес Клиперс, потпишувајќи договор со клубот за период од три сезони. За ова време, поранешниот играч на Сан Антонио и Торонто ќе заработи вкупно 103 милиони долари.

Форматот на договорот е 2 + 1, односно третата година може да биде активирана само од страна на Ленард.

Одлуката на Ленард ги тера навивачите да очекуваат повеќе од интересно лето во 2021 година, кога на пазарот како слободни агенти ќе бидат Ленард, Пол Џорџ, Леброн Џејмс, Бредли Бил и Јанис Адетокумбо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.