Со тројка на 18 секунди до крајот, Леброн Џејмс се избори за продолжение во дуелот против Оклахома Сити тандер. Тоа за „езерџиите“ беше трет натпревар по ред во кој играа дополнителни пет минути, а како и во претходните два (Детроит и повторно Оклахома Сити) дојдоа до победа, овојпат со резултат 114:113.
За Лејкерси ова е првпат во низа да одиграат три натревари со продолжение уште од сезоната 1991/1992.
Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 25 поени, додека Монтрезл Харел постигна 20.
Кај Оклхома Сити, кои испуштија предност и од 20 поени, најефикасни беа Ал Хорфорд со 25 и Кенрих Вилијамс со 24 поени.
Резултати од останатите натпревари:
Вашингтон – Торонто 115:137
Далас – Атланта 118:117
Бруклин – Индијана 104:94
Мемфис – Шарлот 130:114
Минесота – ЛА Клиперс 112:119
Чикаго – Њу Орлеанс 129:116
Денвер – Кливленд 133:95
Феникс – Милвоки 125:124
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.