Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мајами Хит во шестиот натпревар од НБА финалето со што по 10 години пoвторно се шампиони на НБА лигата.

„Езерџиите“ слаеа со резултат 106:93 и со 4:2 во серијата стигнаа до свопјата 17. титулата во најсилната кошаркарска лига во светот, изедначувајќи се со Бостон Селтикс на вечната листа на шампиони.

Леброн Џејмс, кој беше прогласен за МВП на финалната серија, оствари трипл-дабл со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Ентони Дејвис постигна 19 поени и 15 скокови, Раџон Рондо исто така 19 поени додека Кентавиус Калдвел-Поуп 17 поени.

Кај Мајами најдобар беше Бам Адебајо со 25 поени и 10 скокови, додека Џими Батлер овојпат потфрли и забележа само 12 поени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.