Во спектакуларен натпревар со супер драматичен финиш фаворизираниот Лос Анџелес Лејкерс успеа да го скрши отпорот на борбениот Мајами Хит во четвртиот дуел од финалето во НБА лигата.
„Езерџиите“ славеа со 102-96, со што дојдоа до водство од 3-1 во победи. За освојување на титулата, на кошаркарите во златно-виолетовите дресови им треба само уште еден триумф.
Лидер на Лејкерси беше Леброн Џејмс со 28 поени, 12 скокови и осум асистенции, а поддршка имаше од Енрони Дејвис кој заврши со учинок од 22 поени и девет скокови.
Кај Мајами, на Џими Батлер му недостасуваше само една асистенција за втор трипл-дабл по ред. Батлер мечот го заврши со 22 поена, 10 скока и девет асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.