Легендарниот НБА кошаркар Седрик Себалос се бори за живот во американска болница каде заврши по компликации предизвикани од коронавирус.
Состојбата на поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс најдобро го покажува неговата порака што ја остави на социјалните мрежи.
Десетти ден на одделот за интензивна нега, коронавирусот официјално ме скрши. Го молам моето семејство, пријателите и лекарите да се молат за моето закрепнување. Ако сум навредил некој од вас во минатото, дозволете ми јавно да се извинам, напиша Себалос.
Овој некогаш одличен кошаркар влезе во НБА лигата во 1990 година и блесна во дресот на „сонцата“, со кои во сезоната 1992/93 беше финалист во плејофот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.