Легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ денеска на едно место ја собра кошаркарската елита на Свечена академија по повод неговиот 80. роденден.
На настанот во хотелот „Александар палас“, во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и двата клуба во кои тој работел, Работнички и МЗТ Скопје, денеска беа присутни имиња како Дино Раѓа, Душан Ивковиќ, Дејан Томашевиќ, Панајотис Јанакис, Божидар Маљковиќ, Мирко Новосел, Богдан Тањевиќ и многу други, кои дојдоа да му оддадат почит.
Популарниот Грк беше обземен со емоции и само накратко се заблагодари на присутните и организаторите на овој голем настан.
– Среќен сум што се споивме од Словенија до Грција. Фала ви на сите за укажаната чест, на МОК, МЗТ Скопје и Работнички, КФМ, до сите вас кои дојдовте да бидете дел од оваа церемонија. Голема благодарност до сите. И фала, фала, фала Ве сакам сите, сподели кратко Лечиќ, добивајќи силен аплауз од присутните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.