Леброн Џејмс утна слободно фрлање на девет секунди до крајот со кое Лос Анџелес лејкерс ќе дојдоа до предност, по што во продолжениетот „езерџиите“ загубија од Вашингтон со 127:124.

На тој начин Лејкерси целосно ја испуштија предноста од 17 поени што ја имаа во првото полувреме и го забележаа третиот пораз во низа. По таквите резултати, златно-пурпурните се уште се на втората позиција во Западната конференција, но предноста прд градскиот ривал Клиперс е речиси загубена.

Следниот предизвик за Лејкерси е најдобриот тим во НБА лигата, Јута џез, меч на кој повотрно нема да играат повредените Ентони Дејвис и Денис Шрудер

И покрај нереализираното слободно фрлање, Џејмс беше најдобар во својата екипа со 31 поен, 13 асистенции и девет скокови, а добра партија пружија и Монтрезл Харел со 26 и Кентавиус Калдвел-Поуп со 21 поен.

Кај Вашингтон најдобри беа Бредли Бил со 33 и Расел Вестбрук со 32 постигнати поени.

Резултати од останатите натпревари:

Хјустон – Чикаго  100:120

Далас – Мемфис  102:92

Оклахома сити – Мајами  94:108

Феникс – Портланд  132:100

Јута – Шарлот  132:110

Индијана – Сан Антонио  (одложено)

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.