Девин Букер продолжи да покажува дека целосно ја надминал повредата на бутниот мускул поради која пропушти седум натпревари, па во дуелот против ЛА Лејкерс реализира 24 поени, девет скокови и седум асистенции, со што го предводеше Феникс до победа од 108:90.

Букер одигра 32 минути и погоди осум од 16 шутеви од поле, откако два дена претходно, мина на теренот 26 минути во дуелот против Шарлот, што за него беше прв по паузата поради повреда.

Деандре Ејтон имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови, а Микел Бриџис и Камерон Џонсон  постигнаа по 14 поени за Феникс кој дојде до својата четврта победа во серија.

Леброн Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 34 поени за тимот од Лос Анџелес, кој настапи без својот прв тренер Френк Вогел, кој е во изолација поради Ковид. Леброн погоди 13 од 19 шута од игра, а имаше и седум сковои и по две асистенции и блокади.

Расел Вестбрук додаде 22 поени и 10 скокови за Лејкерси, кои играа и без Ентони Дејвис кој ќе отсуствува најмалку четири недели поради повреда на лигаменти на коленото. За Лејекрси ова е трет пораз во низа по што со скор од 16-16 паднаа на седмата позиција во Западната конференција.

Резултати на останатите натпревари:

Мајами – Индијана  125:96

Њујорк – Детроит  105:91

Њу Ореланс – Портланд  111:97

Далас – Минесота  114:102

Бруклин – Вашингтон (одложена)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.