Леброн Џејмс постигна трипл-дабл од 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции со што ги предводеше ЛА Лејкерс до победа против Денвер нагетс со 114:93.

Џејмс погоди 12 од 19 шутеви од игра, а со третиот погоден шут го надмина легендарниот Вилт Чемберлен и изби на третото место на листата на кошаркари што реализира најмногу шутеви во НБА лигата. Џејмс сега има 12.691 погодени шутеви во кариерата со што пред него се само Карл Мелоун (13.528) и Карим Абдул Џабар (15.837).

Покрај Џејмс, уште шестмина „езерџии“ имаа двоцифрен учинок, најмногу Ентони Дејвис кој постигна 21.

Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј кој постигна 20 поени, но следен најефикасен беше резервистото Монте Морис со 16 поени.

Резултати од синоќешните натпревари:

Атланта – Јута  91:112

Далас – Голден Стејт  116:147

Филаделфија – Портланд  105:121

Мемфис – Хјустон  103:115

ЛА Лејкерс – Денвер  114:93



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.