Легендарниот Лазар Лечиќ во интервју за спрски „Курир“, вели дека во Југославија се играла најдобрата кошарка, смета дека и денес ќе беше тоа така доколку не се распаднела федерацијата. Тој вели дека Американците се виновни што кошарката на овие простои не е најдобра во светот.
Југославија доминираше во периодот од 1965 до 1980 година. Тоа беше најдобрата кошарка во светот. Затоа што ја водеа професионалци, тренери и иноватори. Американците да не нѐ растуреа, да не се поделеше Југославија со што ја уништија и кошарката, и денеска ќе ја имавме најдобрата кошарка, вели Лечиќ во интервјуто направено по повод неговиот 80. роденден.
За Лечиќ се зборува дека е креатор на македонската кошарка.
Така почнав. Кога завршив школо во Белград кај професорот Александар Николиќ се вратив во Скопје, стартував со јуниорите, па стигнад до крај. Извадив неколку генерации, а потоа почнав да шетам: Чачак, Љубљана, Нови Сад, Солун…“.
На Лечиќ специјалност му било вадење на плејмејкери.
Луѓето на југот се ниски, не можете во Македонија да најдете високи играчи. Дали беа вкупно десет, но центри барав во Црна Гора и Белград, кога во Работнички ги донесов Васиљевиќ и Ковачевиќ. Во Југославија први игравме зонски пресинг, тоа го видов од хокеарите и се обидов да го прилагодам на законитостите на кошарката. Колку успеав говори фактот дека Работнички беше екипа со најмногу украдени топки.
Лечиќ држи и неславен рекорд, тој е тренерот со најмногу порази во лигата на СФР Југославија, 244 загубени натпревари.
Во остатокот од интервјуто Лечиќ зборува за дел од анегдотите по кој е познат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.