Во својата 16. сезона во НБА лигата, Крис Пол ќе игра во финалето на најсилната кошаркарска лига во светот.
Еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња, до таквиот успех дојде предводејќи го Феникс санс до победа на гости против ЛА Клиперс со 130:103. Тоа за „сонцата“ беше потребната четврта победа за пласман во финалето со резултат од 4:2 во победи. За Феникс ова ќе биде прв настап во финалето од 1993 година, а истовремено Феникс стана првиот ти во историјата што обезбедил финале откако во претходните 10 сезони не играл ниту во плејофот.
Но, изгледот и на тимот се промени минатото лето, токму кога Пол дојде во Феникс од Оклахома сити тандер, по што под негово водство „сонцата“ го имаа вториот најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната, по што во плејофот, пред Клиперси ги елиминираа актуелниот шампион, ЛА Лејкерс и Денвер нагетс, тимот во кој игра овогодинешниот МВП во лигата, Никола Јокиќ.
Пол се покажа во вистинско светло и кога беше најпотребно, во натпреварот што им овозможи настап во финалето. Тој оваа средба ја заврши со 41, поен, со шут од поле 16-24 (7-8 за три), а имаше и осум асистенции, четири скокови, три украдени и ниту една загубена топка.
Како и низ цeелиот плејоф и целата сезона, Пол Имаше поддршка од Девин Букер кој мечот го заврши со 22 поени, како и Деандре Ејтон кој оствари дабл-дабл од 16 поени и 17 скокови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.