Крис Пол нема да игра ниту на вториот натпревар од финалето на Западната конференција во НБА лигата меѓу Феникс санс и Лос Анџелес клиперс.

Тимот од Аризона води со 1-0 во сертијата до четири победи.

Пол сè уште е во изолација според протоколот за спречување на корона вирусот откако минатата недела беше позитивен на Ковид-19. Тој е без симптоми и е вакциниран, со што, за да се врати на теренот треба да има два последователни негативни тестови со разлика од 24 часа, по што ќе треба да помине кардио-тест.

Вториот натпревар од плејоф серијата се игра вечерва, повторно во Феникс, со почеток од три часот по полноќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.