Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Крис Пол, надмина 10.000 асистенции во кариерата, со што стана шестиот кошаркар кој ја достигнал таа бројка.

Пол реализира трипл-дабл од 13 асистенции на кои придодаде и 11 поени и 10 скокови, со што помогна неговиот Феникс санс да слави против ЛА Лејкерс со 111:94.

До оваа победа, која ги зацврстува на второто место во Западната конференција, „сонцата“ од феникс дојдоа со колективна игра во која сите петмина стартери имаа двоцифрен поентерски учинок. Девин Букер и Деандре Ејтон постигнаа по 26 поени, Џеј Краудер имаше 11, а Микел Бриџис 10 поени.

Кај „езерџиите“ најефикасни беа Монрезл Харел со 23 и Денис Шрудер со 22 поени.

Резултати од синоќешните натпревари:

Мајами – Индијана  106:109 (продолжение)

Хјустон – Оклахома сити  112:114

Денвер – Њу Орлеанс  108:113

Бостон – Орландо  112:96

Бруклин – Вашингтон  113:106

Кливленд – Торонто  116:105

Детроит – Чикаго  86:100

Њујорк – Филаделфија  100:101 (продолжение)

Феникс – ЛА Лејкерс  111:94

Портланд – Далас  92:132

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.