Кошаркарските федерации на Албанија и Косово одлучија да формираат заедничка лига, пишува српскиот портал Б92.
На 10 септември ќе биде потпишан договор меѓу Кошаркарската федерација на Косово (ФБК) и Албанската кошаркарска федерација (ФШБ) за создавање на заедничка лига во кошарка, што ќе се организира за прв пат во сезоната 2020/21 година.
Заедничката лига ќе биде составена од осум клубови, а во наредните неколку денови ќе бидат објавени и останатите детали во врска со тимовите кои ќе настапуваат, календарот и останатите детали од лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.