Кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон, денеска доживеа сообраќајна несреќа во Истанбул и во која за влакно избегнал сериозни повреди. Искусниот кошаркар го возел својот автомобил зад камион кој поради невнимание на возачот удрил во надвозник и се превртел на патот, а контејнерот кој се наоѓал на приколката слетал точно на предната страна на возилото на Данстон.
Возило на брзата помош и пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот и го извлекле Брајант Данстон од смачканото возило. Бидејќи предниот дел од неговиот автомобил бил целосно уништен, американскиот кошаркар висок 203 сантиметри морал да биде извлечен низ задниот дел од возилото.
Вистинско е чудо како Брајант помина само со лесни повреди. На фотографии од болницата се гледа дека во завој се само неговите дланки.
Bakırköy’de bir tırın dorsesi üst geçide çarptıktan sonra, Anadolu Efes basketbolcusu Bryant Dunston’ın kullandığı otomobilin üzerine devrildi.
Kazada yaralanan Bryant Dunston, araçtan çıkarılarak hastaneye kaldırıldı. (DHA) pic.twitter.com/6QeyCJuiV9
— Sporx (@sporx) April 29, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.