Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Словачка со 88:72 во последното коло од претквалификациите за Светското првенство 2023 одиграни во СЦ „Јане Сандански”.
Благодарение на подобрата кош-разлика од своите ривали, избраниците на селекторот Драган Бајиќ „балонот” во Скопје го завршија на првото место со биланс две победи и два пораза.
Словачка со оваа убедлива победа го освои второто место и исто така обезбеди учество во квалификациите, додека Швајцарија не помина во следната фаза, бидејќи заврши на последното (трето) место.
Пласман во квалификациите од другите групи обезбедија: Португалија, Шведска, Летонија, Белорусија, Црна Гора и Исланд.
Ждрепката за квалификациските групи ќе биде одржана до крајот на месецот, а Македонија се очекува да биде во претпоследниот барабан како една од четирите првопласирани екипи од претквалификациите, што значи дека теоретски би можеле пак да се паднеме во група со Словачка. Квалификациите, пак, треба да почнат во ноември, секако ако тоа го дозволи пандемијата со коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.