Македонската кошаркарска репрезентација попладнево ја победи Италија со 87:78 и ги зачува шансите за пласман на Европското првенство 2022.
До првата победа во квалификациите, Македонците дојдоа со извонредна игра во второто полувреме дозволувајќи му на фаворитот да постигне само 26 поени, наспроти уфрлените 46 во кошот на Италијанците.
По овој триумф, за да избори учество на Евробаскет, македонскиот национален тим ќе треба утре да ја совлада Естонија со двоцифрена разлика, при тоа е потребен пораз на Естонците на денешниот нивни натпревар со Русија.
Најефикасни во победничкиот состав беа Ненад Димитријевиќ со 22 поена и Андреј Магдевски со 20.
Од Б-групата Италија и Русија го имаат обезбедено учеството на ЕП
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.