Екипата на Куманово продолжи да формира ростер за следната сезона во македонската кошарка и потпиша со американскиот кошаркар Џонатан Холмс.

Холмс, кој има 28 години, игра на позицијата крилен центар и центар, а во Македонија доаѓа од Шпанија, каде го носеше дресот на Реал Кану. Таму ја мина последната сезона, а во Европа има искуство и во шпанска Барселона и израелски Хапоел.

Кошаркарот кој е роден во Тексас и е висок 203 сантиметри беше дел и од летната НБА-лига во минатото и има настапи за ЛА Лејкерс, Мемфис Гризлис, Бостон Селтикс, Кливленд Кавалирс…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.