ЛА Клиперс го совладаа Феникс санс со 106:92 со што намалија на 2:1 во победи во финалето на Западната конференција во НБА лигата.
Клучниот период од натпреварот беше третата четвртина кога кошаркарите на тимот од Лос Анџелес на теренот покажаа многу повеќе желба, борбеност и енергија и заостанувањето од два поени што го имаа на полувремето го претворија во предност од 11 поени на влез во последната четвртина.
Четворица кошаркари на Клиперси остварија двоцифрен поентерски учинок, а двајца, Пол Џорџ (27) и Реџи Џексон (23) постигнаа повеќе од 20 поени.
Кај Феникс, олстар бековскиот тандем Крис Пол и Девин Букер, имаа очаен процент на прецизност и двајцата заедно реализираа 10 од 40 шутеви од поле. Во такви услови, најефикасен кај „сонцата“ беше Деандре Ејтон со 18 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.