Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Далас со 126:111 во решавачкиот, седми натпревар од првото коло од плејофоти се пласираа во полуфиналето на Западот.

За тренерот на Клиперси, Тирон Лу, ова беше нова победа во седмиот натпревар од еда плејоф-серија, со што го задржа перфектниот учинок од четири победи без ниту еден пораз во „мајсторките“.

Лу досега славеше во изминатите три седми натпревари од плејоф серииите, како тренер на Кливленд со Леброн Џејмс во составот од 2016 до 2018 година.

Единствениот тренер во историјата на НБА кој постигнал 4-0 во седмите средби е Ред Ауербах од Бостон селтикс чија успешна серија траеше до осум вакви натпревари.

До триумфот, неговиот тим стигна со одлино распореден поентерски товар. Седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Кавај Леонард со 28.

Следен противник на ЛА клиперс во НБА плејофот ќе биде тимот на Јута џез.

Кај Далас, Лука Дончиќ имаше неверојатна партија од 46 поени, 14 асистенции и седум скокови, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне елиминација.

Во првиот натпревар од источното полуфинале меѓу Филаделфија и Атланта, славеа „јастребите“, кои со триумфот од 128:124 на гости, ја презедоа предноста на домашниот терен.

Тре Јанг имаше дабл-дабл од 35 поени и 10 асистенции, додека Богдан Богдановиќ и Џон Колинс постигна по 21 поен за победничката екипа.

Кај Филаделфија, најдобар беше Џоел Ембид, кој постигна 39 поени. Одлични беа и Сет Кари со 21, Тобајас Херис со 20 и Бен Симонс со 17 поени, но тоа не беше доволно за Филаделфија да избегне пораз во драматична завршница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.