Тренерот на Голден стејт, Стив Кер, информира дека рехабилитацијата на Клеј Томсон оди одлично и тој е се поблиску до враќање на терените.
Клеј изгледа одлично, сè што треба да направи е да стекне сила и особено издржливост. Потребно е само време. Немаме рок. Мислам дека за неколку недели ќе можеме да го одредиме датумот на неговото враќање. Добро шутира, но брзо се заморува – информира Кер.
Томпсон ја пропушти целата сезона 2019/20 поради кинење на предните вкрстени лигаменти, што го заработи за време на шестиот натпревар од финалето на плејофот 2019 година.
Тој, исто така, ја пропушти и сезоната 2020/21 поради кинење на Ахиловата тетива за време на вонсезонскиот тренинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.