Легендарат на „Лејкерси“ до 2006 година го носеше бројот 8, а потоа го промени без логично објаснување и го зеде 24.
Бројот 24 ја симболизира тешка работа, тешка работа 24 часа дневно, рече Брајант во една прилика, но многумина не беа уверени во тоа.
Најлудата теорија за ова прашање ја објави новинарот на порталот “Quora”, и таа гласи многу поинаку. Брајант израснал во Италија, во Милано, каде што играл неговиот татко, а во тој која тогаш се викал „Трејсер“ и во кој бил два пати шампион на Европа (1987,1988) играл и Мајк Д’Антони. Тој бил омилен играч на Коби Брајант ког бил мал, а го носел бројот 8 на грбот. Кога Коби дошол во „Лејкерси“ го избрал бројот 8 поради својот јунак од детството, а потоа во 2006 година се случило нешто што се променило. „Лејкерси“ го играле седмиот натпревар од првото коло на плеј офот против Феникс и тогаш играчите на Феникс крвнички го удирале Брајан, а најмногу Раџа Бел кој бил исклучен од натпреварот. Но, погодете кој бил тогаш тренер на Феникс? Мајк Д’ Антони! После тоа Брајант не сакал повеќе да ја носи 8, туку го зел бројот 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.