Кошаркарот на Голден Стејт, Стефан Кари постигна 105 тројки во низа за време на вчерашниот тренинг. Кошаркарот ниту еднаш не промаши шут за тројка во серијата која траеше пет минути и десет секунди.

Видеото е објавено на официјалниот Твитер на Голден Стејт.

Кари беше избран како 7-ми пик на НБА-драфтот во 2009 година од Голден Стејт. Како дел од Вориорс, кошаркарот стана три пати шампион во лигата и двапати ја доби наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната МВП.

Во историјата на НБА, Кари е трет најпрецизен играч за три поени со 2.495 реализации и најдобар во оваа статистичка категорија од активните играчи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.