Коби Брајант имаше 41. година, а она што се забележува во текот на неговиот живот е секако дека на некој начин самиот Брајант ја предвидувал сопствената смрт, а не му било туѓо дури и да зборува за смртта и односот што го имал кон неа.

Така, во интервју за „Рингер“, тој точно одговорил каква е неговата врска со смртта.

Имам комфорна врска со смртта. Тоа е разбирање. Вие не можете да имате живот без смрт, не можете да имате светлина без темнина. Тоа е прашање на прифаќање. Кога ќе дојде време да одлучите да заминете во пензија,тоа е прашање да прифатите дека сте смртни со што се соочуваат сите спортисти. Ако се бориш, тогаш секогаш ќе се бориш, така што сум лежерен по тоа прашање, одговорил Коби на прашањето на водителот. Неговите зборови звучат крајно морбидно и пророчки гледајќи ги од оваа состојба, по последните настани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.