Центарот Денвер нагетс, Никола Јокиќ, по синоќешниот пораз од Бостон селтикс (87:105), го прокоментира неговото често незадоволство од судењето.
Мислам дека сите 30 тимови во НБА-лигата се жалат и лелекаат за судиите. Ние сме само еден од нив. Така функционира играта. Арбитрите си ја вршат својата работа. Треба да си ја завршиме и ние својата работа. Секако, понекогаш има недоразбирања, спорови, како и во секоја работа – изјави Јокиќ.
За време на тајмаут во последната четвртина од средбата, кога Селтикс направија неверојатни 31:3, Јокиќ не беше со остатокот од тимот, туку седеше на клупата за резерви.
Со биланс 34 победи и 19 порази, Денвер се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција.
Резултати од синоќешните натпревари:
Шарлот – Атланта 101:105
Денвер – Бостон 87:105
Кливленд – Њу Орлеанс 109:116
Орландо – Милвоки 87:124
Далас – Сан Антонио 117:119
Минесота – Чикаго 121:117
Њујорк – Торонто 102:96
Мемфис – Индијана 125:132
ЛА Клиперс – Детроит 131:124
Портланд – Мајами 98:107
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.