Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, се извини за инцидентот со кошаркарот на Мајами хит, Маркиф Морис.

Јокиќ го удри противничкиот кошаркар од зад грб и беше исклучен.

Тоа беше глупав чин. Се срамам. Жал ми е што се случи. Играа валкано против мене, морав да се бранам, но не требаше така да реагирам. Сè се случи во момент на емоции – истакна Јокиќ.

Реакцијата на Јокиќ дојде откако Морис намерно го удри српскиот кошаркар на центарот на теренот.

Како одговор на таквиот потег на Морис дојде реакцијата на Јокиќ, по што кошаркарот на мајами на носилки беше изнесен од теренот.

Од Мајами соопштија дека напаѓачот има повреда на вратот. Двајцата играчи беа исклучени од натпреварот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.