Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Стерлинг Браун бил повреден во тепачка пред стриптиз-клуб во Мајами. На социјалните мрежи се појави видео кое е направено веднаш по инцидентот, а на него се гледа како изгледал кошаркарот по ќотекот што го добил.

Медиумите во Соединетите Американски Држави јавуваат дека Браун, откако го напуштил стриптиз-клубот, случајно влегол во погрешно возило, а луѓето што биле во него го нападнале и му скршиле шише по главата. Видеото покажува дека горниот дел од телото на несреќниот кошаркар бил целосно покриен со крв.

По краток разговор со полицијата, играчот на Хјустон бил пренесен во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.