Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Никола Василев одбра 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“.

На списокот на Василев се најдоа: Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје од 3 до 8 август.

Ривали на „црвено-жолтите“ во А-групата ќе бидат селекциите на Хрватска, Грузија, Шпанија, Србија и Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.