Најдобриот играч на Феникс санс, Девин Букер, беше исклучен на почетокот на второто полувреме, но „сонцата“ успеаја да ја задржат концентрацијата и да слават на гостувањето против актуелниот НБА шампион, ЛА Лејкерс со 114:104.
Букер доби исклучување поради две последователни технички грешки и пресилно додавање на топката кон судијата. Во моментот на исклучувањето, Букер имаше 17 поени, шест асистенции, три скокови и три украдени топки.
По исклучувањето на Букер, контролата врз својот тим ја презеде вторито олстар играч, Крис пол, кој иако постигна само осум поени, но со 10 асистенции и пред се своите смиреност и искуство ги предводеше соиграчите во тимска игра кон триумф. Тие мечот го завршија со 30 асистенции, при што сите 10 кошаркари што добија минутажа имаа барем по една асистенција.
Кошаркарите на Феникс имаа прилично изедначен учинок и при постигнувањето поени. Дарио Шариќ беше најефикасен со 21 поен, а го следеа Микал Бриџис (19), Џеј Краудер (17) и Деандре Ејтон со 15 поени.
Со оваа победа, феникс има скор од 23 победи и 11 порази и се проби на втората позиција во Западаната конференција, како и во целата лига.
Кај Лејкерси и на целиот натпревар најефикасен беше Леброн Џејмс со 38 поени, но тоа не беше доволно да се надоместат отсуствата на Ентони Дејвис, Марк Гасол и Кајл Кузма.
Резултати од останатите натпревари:
Вашингтон – Мемфис 111:125
Бостон – ЛА Клиперс 117:112
Мајами – Атланта 80:94
Сан Антонио – Њујорк 119:93
Милвоки – Денвер 97:128
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.