Александар Ѓорѓевиќ и официјално повеќе не е тренер на Виртус Болоња.
Само неколку дена откако го предводеше Виртус Болоња до шампионската титула која е прва по 20 години, поранешниот селектор на Србија си замина од клупата на новиот италијански првак.
– Благодарност со Саша Ѓорѓевиќ за сите победи кои ни ги донесе. Со освојувањето на 16 шампионска титула засекогаш ќе остане запишан во историјата на нашиот клуб. Секогаш беше посветен на работата и тоа ни донесе резултат. Виртус ви посакува се најдобро во иднина – изјави директорот на Виртус Болоња, Лука Баралди.
Според италијанските медиуми, нов тренер на Виртус треба да биде помошниот тренер во Торонто репторс, Серџо Скариоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.