Не постојат зборови за да се изрази болката низ која поминувам поради оваа трагедија во која ги избубив мојата внука Џиџи и мојот брат Коби Брајант, напиша синоќа Шекил О’Нил во емотивниот поздрав на „Твитер“ до неговиот колега и пријател.

Ве сакам, ќе недостигате. Сочувство до семејството Брајант и фамилиите на останатите патници на летот. Болен сум, напиша Шек.

Коби беше многу повеќе од спортист, продолжи O’Нил, тој беше семеен човек.

Најмногу тоа ни беше заедничко. Јас ги гушкав неговите деца како да се мои и тој ги прегрнуваше моите како да се негови. Неговата ќеркичка Џиџи беше родена на истиот ден како мојата најмлада ќерка Мираја, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.