Франција успеа да се опорави по полуфиналниот пораз на СП 2019 од Аргентина и да освои втор медал на Мундијалите во својата историја. Ова се случи по победата од 67:59 над Австралија во спорот за третото место, а Европејците го зедоа бронзениот медал по втор пат по 2014 година.

Де Коло постигна 19 поени за францускиот триумф, Еван Фурние додаде 16, а Винсент Поаер постигна 8 поени и 7 скока.

Џо Ингс со 17 и Пети Милс со 15 беа двајцата најдобри стрелци за Авсралија, кои запишаа најдобар пласман во својата историја, завршувајќи на четвртото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.