Во натпревар во кој имаше 13 промени на водството и осум изедначувања Портланд успеа да ја совлада Филаделфија со 118:114.

Иако не беше најефикасен на натпреварот, ниту, пак во сопствената екипа, Кармело Ентони беше најзаслужен за триумфот на Портланд. Тој реализира три тројки и шут за два поени со што му овозможи на неговиот тим да дојде до пет поени предност.

Ентони го заврши натпреварот со 24 поени, веднаш зад Дејмиен Лилард кој го заврши натпреварот со 30 поени.

Кај Филаделфија Џоел Ембид реализира 35 поени и девет скокови, додека Бен Симонс натпреварот го заврши со 23 поени, 11 скокови и девет асистенции.

Со овој триумф Портланд се проби на петтата позиција во Западната конференција, додека Филаделфија и покрај поразот го задржа првото место на Истокот.

Резултати од останатите натпревари:

Хјустон – Мајами  94:101

Бостон – Торонто  120:106

Детроит – Индијана  95:111

Голден Стејт – Орландо  111:105

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.