Раководствата на Филаделфија и Бруклин не успеале да се договорат за размена на Бен Симонс со Кајри Ирвинг, иако договорот може да биде од корист за двата клуба, пишува инсајдерот на „Атлетик“, Сем Амик.

„Сиксерси“ продолжуваат да бараат опции за размена на Симонс, кој му се придружи на тимот, откако го пропушти скоро едномесечниот тренинг камп.

Од друга страна, Бруклин нетс официјално го суспендираа Ирвинг од тренинзи и натпревари додека не ги исполни барањата за вакцинација во Њујорк, поради кои не може да учествува на домашни натпревари.

Според Амик, Сиксерс не се сигурни дека Ирвинг ќе се согласува со Џоел Ембид. Покрај тоа, Кајри има опција во неговиот договор следната сезона да стане слободен агент. Исто така, се верува дека Ирвинг може да одлучи да се пензионира доколку Нетс го разменат со друг тим.

Бруклин се надева дека Њујорк ќе ги промени протоколите за вакцинација за спортови во затворен простор по што Ирвинг ќе добие право да игра во НБА-лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.